Maxima
STIROMOL Thermo e еднокомпонентен, еластичен сув тип на градежно лепило, изработено од хидраулични и синтетички врзивни средства, со додаток на адитиви. Наменет е за лепење на стиропор на сите видови на минерални површини, како и за армирачки слој на ЕПС плочите.
STIROMOL Thermo од 25kg се додава на 6-6.5l вода и се меша до создавање на хомогена маса дез грутки. Се чека 10 минути, па повторно интензивно се меша. Вака спремената маса е спремна за употреба и мора да се потроши во рок од 2 часа. STIROMOL Thermo се нанесува на термоизолационите плочи по рабовите и на 3-6 точки по средината на плочата (покривност со лепакот треба да е мин. 40%), и со притискање се лепат на цврста и чиста подлога. На залепените термоизолациони плочи, по 2-3 дена, препорачуваме типлување (6 ком/m²). Поставување на арматурната мрежичка се врши со притискање во претходно нанесениот слој од STIROMOL Thermo, во дебелина од 2-3mm, со преклоп од 10cm, а потоа целата површи се мазни со STIROMOL Thermo лепакот. Вкупната дебелина од нанесениот слој на STIROMOL Thermo треба да биде мин. 4mm.
Работна температура: Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи под +5°C, како и на силно сонце, ветер, магла и дожд. Свежо нанесените површини, во оптимални услови да се заштитат од атмосферските влијанија најмалку 24 часа.
Потрошувачка: Од 3.5-5kg/m², за лепење и од 4-5kg/m² за армирање.
Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во затворена и неоштетена амбалажа, во сува и проветрена просторија.