Maxima
STIROMOL Bazni e еднокомпонентен сув тип на градежно лепило, изработено од хидраулични и синтетички врзивни средства, наменет за лепење на стиропор на минерални подлоги.
STIROMOL Bazni од 25kg се додава на 5.5-6l вода и се меша до создавање на хомогена маса без грутки. Се чека 10 минути, па повторно интензивно се меша. Вака спремената маса е спремна за употреба и мора да се потроши во рок од 2 часа. STIROMOL Bazni се нанесува на термоизолационите плочи (покривност со лепакот треба да е мин. 40%), и со притискање се лепи на цврста и чиста подлога. На залепените термоизолациони плочи, по 2-3 дена, препорачуваме типлување (6 ком/m²).
Предупредување: STIROMOL Bazni се користи само за лепење на стиропорните плочи. Овој производ не е наменет за армирање на мрежичката ниту да биде завршен слој.
Работна температура: Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи под +5°C, како и на силно сонце, ветер, магла и дожд. Свежо нанесените површини, во оптимални услови да се заштитат од атмосферските влијанија најмалку 24 часа.
Потрошувачка: Од 3.5kg/m², во зависност од површината на ѕидот.
Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во затворена и неоштетена амбалажа, во сува и проветрена просторија.