Maxima
KERAMOL Interior е лепило за керамички плочки на база на хидраулични врзивни средства, посебно селектирани агрегати и адитиви. Погоден е за вградување на керамички плочки, на природен впивачки камен, теракотни плочки како и сипорекс, односно гасбетонски блокови. Се препорачува за положување на керамички плочки во ентериери, на впивачки ѕидни и подни површини.
KERAMOL Interior од 25kg се додава на 7l вода и се меша до создавање на хомогена маса без грутки. Се чека 15 минути, и повторно интензивно се меша. Вака спремената маса е спремна за употреба и мора да се потроши во рок од 2 часа. Површините на кои се нанесува лепилото мора да бидат носивно способни, исчистени од прашина, маснотии и други нечистотии. Поголемите нерамнини се исполнуваат со KERAMOL Interior лепилото и тоа ден пред вградување на плочките. Пред нанесување на лепилото површините се грундираат со соодветна MAXIKRIL подлога, во зависност од состојбата на површината. Нанесување на лепилото се врши со назабена глетарка, така да мин. 65% од површината на плочката биде покриен со лепило. Плочките се поставуваат на нанесеното лепило помрднувајќи ги лево-десно, горе-доле. Празнините меѓу плочките по минимум 24 часа се пополнуваат со FUGALIN, масата за фугирање. По поставувањето на плочките, плочките и алатот веднаш да се исперат со вода.
Работна температура: Работите да се изведуваат на температури од +5°C до +30°C. Атмосферските услови можат да влијаат на процесот на вцврстување.
Потрошувачка: Од 2-5kg/m² во зависност од квалитетот на спремената површина, од техниката и од начинот на нанесување на лепилото.
Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во затворена и неоштетена амбалажа, во сува и проветрена просторија.