Maxima
KERAMOL Flex е флексибилно лепило за керамички плочки на база на хидраулични врзивни средства, посебно селектирани агрегати, синтетички полимери и адитиви. Наменет е за внатрешни невпивачки и надворешни невпивачки плочки кои се вградуваат на впивачки подни површини. Температурно е постојан од -20°C до +70°C. Се препорачува за употреба во бањи, кујни, системи со подно греање, балкони и тераси, односно во сите ситуации каде залепените керамички плочки се изложени на зголемена влажност и промена на температура.
KERAMOL Flex од 25kg се додава на 7L вода и се меша до создавање на хомогена маса без грутки. Се чека 15 минути, и повторно интензивно се меша. Вака спремената маса е спремна за употреба и мора да се потроши во рок од 2 часа. Површините на кои се нанесува лепилото мора да бидат носивно способни, исчистени од прашина, маснотии и други нечистотии. Поголемите нерамнини се исполнуваат KERAMOL Flex лепилото и тоа ден пред вградување на плочките. Пред нанесување на лепилото површините се грундираат со соодветна MAXIKRIL подлога, во зависност од состојбата на површината. Ако се лепи “плочка на плочка” површината се грундира со подлогата MAXIKRIL Ceramic. Нанесување на лепилото се врши со назабена глетарка, така да при внатрешни работи мин. 65% од површината на плочката биде покриена со лепило, додека за надворешни работи лепилото се нанесува на целата површина од плочката. Плочките се поставуваат на нанесеното лепило помрднувајќи ги лево-десно, горе-доле. Празнините меѓу плочките по минимум 24 часа се пополнуваат со FUGALIN, масата за фугирање. По поставувањето на плочките, плочките и алатот веднаш да се исперат со вода.
Работна температура: Работите да се изведуваат на температури од +5°C до +30°C. Атмосферските услови можат да влијаат на процесот на вцврстување.
Потрошувачка: Од 2-5kg/m² во зависност од квалитетот на спремената површина ,од техниката и од начинот на нанесување на лепилото.
Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во затворена и неоштетена амбалажа, во сува и проветрена просторија.