Maxima
KERAMOL Elastic е високо еластично лепило за керамички плочки на база на хидраулични врзивни средства, посебно селектирани агрегати, синтетички полимери и адитиви. Наменет е за надворешна и внатрешна употреба, на ѕидни и подни површини. Температурно е постојан од -20°C до +70°C. Се препорачува за употреба во бањи, кујни, системи со подно греање, базени, балкони и тераси, односно во сите ситуации каде залепените керамички плочки се изложени на зголемена влажност и на промени на температурата. Идеален е за лепење на невпивачки плочки кога површината е тешка за работа, критична и деформабилна.
KERAMOL Elastic од 25kg се додава на 7l вода и се меша до создавање на хомогена маса без грутки. Се чека 15 минути, и повторно интензивно се меша. Вака спремената маса е спремна за употреба и мора да се потроши во рок од 2 часа. Површините на кои се нанесува лепилото мора да бидат носивно способни, исчистени од прашина, маснотии и други нечистотии. Поголемите нерамнини се исполнуваат со KERAMOL Elastic лепилото и тоа ден пред вградување на плочките. Пред нанесување на лепилото површините се грундираат со соодветна MAXIKRIL подлога, во зависност од состојбата на површината. Ако се лепи “ плочка на плочка” површините се грундираат со подлогата MAXIKRIL Ceramic. Нанесување на лепилото се врши со назабена глетарка, така да мин. 65% од површината на плочката биде покриен со лепило. Плочките се поставуваат на нанесеното лепило помрднувајќи ги лево-десно, горе-доле. Празнините меѓу плочките по минимум 24 часа се пополнуваат со FUGALIN, масата за фугирање. По поставувањето на плочките, плочките и алатот веднаш да се исперат со вода.
Работна температура: Работите да се изведуваат на температури од +5°C до +30°C. Атмосферските услови можат да влијаат на процесот на вцврстување.
Потрошувачка: Од 2-5kg/m² во зависност од квалитетот на спремената површина, од техниката и од начинот на нанесување на лепилото.
Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во затворена и неоштетена амбалажа, во сува и проветрена просторија.