Maxima
GLETOLIN Bio е прашкаста маса за глетување на внатрешни, цврсто малтерисани ѕидни површини, како и гипс картонски плочи. GLETOLIN Bio се одликува со леснотија при нанесувањето и обработливоста. Израмнетите површини, кои се потполно суви, можат да се бојат со сите врсти на дисперзни бои.
GLETOLIN Bio од 25kg се додаваат на 10l вода и се меша до создавање на хомогена маса без грутки. Се чека 15 минути, па повторно интензивно се меша. Вака спремената маса е спремна за употреба и мора да с епотроши во рок од 24 часа. Ѕидните површини мора да бидат носивно способни, исчистени од прашина, маснотии и други нечистотии. Пред нанесување на GLETOLIN Bio површините се грундираат со соодветна MAXIKRIL подлога, во зависност од состојбата на површината. Спремената маса се нанесува на ѕидните површини со помош на челична глетарка или со нерѓосувачка бојаџиска шпатула. По сушењето, секој нанесен слој треба да се избруси со брусна хартија. Времето на сушење, пред нанесување на наредниот слој, односно пред брусењето, при оптимални услови е мин. 12 часа. Максимална препорачана вкупна дебелина на слојот е 5mm. По употребата, алатот веднаш да се испере со вода.
Работна температура: Оптималната работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи под +5°C.
Потрошувачка: 0.9-1.5kg/m², во зависност од рапавоста на подлогата.
Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во затворена и неоштетена амбалажа, во сува и проветрена просторија.