Maxima
HIDROMAX 505 е еластична двокомпонентна полимерно-цементна маса изработена на база на цемент, одберени полнила, водоодбојни и водонепропусни полимери со додаток на адитиви. Се состои од сува компонента А и течна компонента Б, со чие вмешување се добива пастозна маса која се нанесува со четка. Се употребува заради заштита на објектите од појава на капиларна влага, од продор на вода под низок притисок, како и кај ситуации каде е потребно да се обезбеди водонепропусност под влијание на позитивен хидростатски притисок на водата. Се препорачува за хидроизолирање на купатила, кујни, вкопани ѕидови, подрумски и темелни простории, резервоари и базени. Може да се користии во системи со подно греање.
Површината мора да биде: носиво способна, чиста и без слабо врзани делови, без прашина, водорастворливи соли, маснотии и останати нечистотии. Бетонските површини, цементните кошулки и малтери мора да бидат стари мин. 28 дена. Големите вдлабнатини и оштетувањата на површините претходно да се пополнат со репаратурен малтер, бетон или со KERAMOL лепилото за керамички плочки. Содржината на една вреќа (компонента А) 5кг постепено се додава во 5кг течност (компонента Б) со постојано мешање (однос на мешање 1:1), се додека не се добие хомогена маса погодна за нанесување со четка. Масата се остава да одстои 10 минути и повторно се промешува. Вака припремената маса е спремна за вградување и мора да се потроши во рок од 1 час. Пред нанесување на хидроизолацијата, површината добро треба да се натопи со вода. Спремната маса се нанесува со крута и груба четка, во два премази, со вкрстување на премазите.Вториот премаз се нанесува веднаш по зацврстување на првиот слој кој не е потполно исушен. Секој нареден слој се нанесува во спротивен правец така да слоевите бидат вкрстени. Кај површини кои се изложени под силно влијание на вода, можна е потреба за 3 или 4 наноси. Доколку е времето измеѓу нанесувањето на двата слоја поголемо од 24 сата, претходниот слој благо се пескари. Мин. вкупна дебелина на слоевите е 2мм, а макс. 5мм. Аглите, сливниците и цевните продори треба да се изолираат со изолациони траки. На изолираната подлога може да се оди после 3 дена. Керамичките плочки може да се поставаат по мин. 12 часа, во зависност од дебелината на слојот и климатските услови.
Работна темтература: Оптимална работна температура е од +10°C do +30°C. Не смее да се користи при температури +5°C и +35°C, како и по силно сонце, ветер, магла и дожд. Свежо нанесените површини, во оптимални услови, да се заштитат од атмосферските влијанија се додека не се вградат плочките.
Потрошувачка: ≈1.2-1.4kg/m2 за два слоја, во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата, техниката и начинот на нанесување.
Рок на употреба и складирање: Компонента А-12 месеци од датумот на производство истакнат на пакувањето. Да се чува во затворено и неоштетено пакување, во сува и проветрена просторија. Компонента Б-12 месеци од датумот на производство истакнат на пакувањето. Да се чува во оригиналното, добро затворено и неоштетено пакување, при температура од +5°C do +25°C, заштитено од директната сончева светлина.