Maxima
MAXIKRIL е акрилен прајмер наменет за импрегнација на разни површини (цигли, бетони, влакнесто-цементни подлоги и сл.) пред нанесување на дисперзни бои и декоративни фасадни малтери. MAXIKRIL лесно се нанесува, брзо суши и квалитетно ја импрегнира подлогата. Премачканите површини се изедначени, рамномерно се бојат, помалку впиваат, имаат подобрена адхезија со завршните материјали и ја смалуваат нивната потрошувачка. Исушениот премачкувачки филм е безбоен. MAXIKRIL Concentrate не се користи доколку кај завршните работи се вградуваат материјали на силикатна или силиконска основа.
Површината мора да биде: сува, носивноспособна, исчистена од прашина, маснотии, трошни делови и стари премази. Пред употребата MAXIKRIL-от се разредува со вода во однос 1:3. Нанесувањето се врши со четка, ваљак или со машина за прскање, во еден слој. Времето на сушење, при оптимални услови е мин. 6 часа. По употребата, алатот веднаш да се испере со вода.
Работна температура: Оптимална работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи под +5°C, како и по силно сонце, ветер, магла и дожд.
Потрошувачка: Од 50-75ml/m², во зависност од рапавоста и впивливоста на подлогата.
Рок на употреба и складирање: 18 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во оригиналната, добро затворена и неоштетена амбалажа, при температура од +5°C до +25°C, заштитено од директната сончева светлина.