Maxima
FUGALIN е водоодбивна, паропропусна, еластична, фунгицидно заштитена маса за фугирање, која одлично се прилепува на површините и е отпорна на гребење. Наменета е за фугирање на керамички и стаклени плочки, мозаиции камења при внатрешни и надворешни работи. Се користи како за ѕидни така и за подни површини. Максимална ширина на фугите не смее да биде поголема од 8mm. FUGALIN-от поради своите исклучителни технички својства погоден е за примена во купатила, кујни, како и во ентериери кои поседуваат систем на подно греење. FUGALIN-от се произведува во различни нијанси, според MAXIMA тон карта на масата за фугирање.
FUGALIN от 2kg се додава на ≈600ml вода и добро се меша со мешалка. Се чека 5-10 минути, и повторно интензивно се меша. Вака спремената маса е спремна за вградувањеи мора да се потроши во рок од 2 часа. FUGALIN-от се нанесува со гумена глетарка за фугирање, косо во однос на насоката на фугата, така што се втиснува во фугата. Површината која се фугира мора претходно да биде навлажнета. По нанесувањето, по приближно 10-15 мин., целокупната површина на плочките и фугите се бришат со фин сунгер за фуги, а потоа се полира со сува крпа. Водоодбивност на FUGALIN-от се постигнува од 5-7 дена по уградувањето. Кај плочки кои се силно порозни и груби, пред почеток на работата се проверува како се чистат. Ако лепилото со кое се лепени плочките не е потполно суво може да дојде до промена на боја на фугата. По плочките може да се оди 12 часа по вградувањето на FUGALIN-от. По употребата, алатот веднаш да се испере со вода.
Работна температура: Оптимална работна температура е од +10°C до +30°C. Не смее да се користи под +5°C, како и по силно сонце, ветер, магла и дожд.
Потрошувачка: Од 0.5-1.0kg/m², во зависност од ширината и длабочината на фугата, како и од форматот на плочките.
Рок на употреба и складирање: 24 месеци од датумот на производството истакнат на амбалажата. Да се чува во затворена и неоштетена амбалажа, во сува и проветрена просторија.